СЈО со сателитски снимки од Google earth ќе докажува дека браќата Павловиќ изградиле дивоградби

by fokus

Со воведен говор на обвинителката Елизабета Јосифовска почна главната расправа во предметот Тревник на СЈО.

Обвинителката рече дека СЈО бара осудителна пресуда за браќата Павловиќ обвинети дека бесправно изградиле викенд куќи во Општина Зелениково.

Кривичното дело, рече таа, ќе биде докажано во текот на постапката со анализи на плаќања и трансакции, изјави на сведоци и преку содржината на прислушуваните разговори.

Овие разговори, рече обвинителката, до сега не се пуштени во јавниста. Нивната содржина пак е поткрепена со сателитски снимки пробавени преку пребарувачот Google earth.

-Сателитската снимка од веб сајтот докажува дека се започнати градби без одобрение. На 23ти јануари 2013 година, еден ден пред општината да им издаде одобрение за градење, анализираното вештачење на снимката покажува дека се издигнати три градежни објекти, а на два објекти се забележува и покривна конструкција – рече Јосифовска.

Според обвинението Латас на земјиштето во Зелениково изградил објект со површина од 317 метри квадратни со подрум, приземје и кат, Срѓан Павловиќ се здобил со објект со површина од 130 метри квадратни, а Ѕвездан Павловиќ со објект од 104 метри квадратни.

М.В.

Поврзани новости