Ахмети: Понудата за поделба на Македонија дојде преку Арбен Џафери, но тоа беше неприфатливо за мене

by fokus

Во последниот број на неделникот „Фокус“ можете да го прочитате интервјуто со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговите коментири за актуелните случувања. Присутен во политиката од 2002 година Ахмети не бил на власт само две години, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ коалицираше со ДПА од 2006 до 2008 година. Нераскинливо врзан за политичките превирања последниве дваесетина години, тој ги коментира и последните случувања како нелегалното прислушување, во кое не беа поштедени ниту негови функционери, како и аферата „Рекет“.

ФОКУС: Оние што се спротивставуваат на Законот за јазиците меѓу другото велат дека Албанците и Македонците во иднина нема да се разбираат, зашто секој ќе си зборува само на својот јазик. Вие сте живееле во Швајцарија, таму луѓето зборуваат по три и четири јазици. Како ќе се разберат новите генерации овде меѓу себе?

АХМЕТИ: Можеби сум преголем оптимист, но гледам волја кај двете страни да го зборуваат јазикот на другиот. Во Собранието пратеници Македонци ми зборуваат албански. Колку зборови знаат, тоа е друго. Гледам политичари, функционери колку знаат, зборуваат на албански. И вие ми рековте „мердита“ кога дојдовте, јас ви реков „здраво“. Мислам дека јазиците ги зближуваат луѓето, а не ги делат. Но, политичките партии треба повеќе да работат, тие го инфектираат народот, масите. Тие немаат приоритети што носат стабилност, туку популизам. Ние имаме фолклорна маса. Многу полесно е да се манипулира фолклорната маса. Ние треба рационално да делуваме, а не емоционално, популистички. Треба да бидеме многу рационални. Ние немаме одвоена иднина. Иднината треба заедно да ја изградиме. Доколку ги храниме националните чувства, нема да победат ни Македонците, ни Албанците. Тогаш, да ја поделиме Македонија, а како да ја поделиме? Политичарите немаат храброст да излезат…
Во 2001 година јас имав понуда за поделба на Македонија. За мене тоа беше неприфатливо. Јас да се согласев, Македонија ќе се поделеше. Но, како ќе го направевме тоа? Потоа Македонија немаше да постои. Ќе се вклучеа Бугарија, Србија, Албанија, Косово… Мене понудата ми беше на маса. Од Арбен Џафери, но тој дојде во име на некој друг. Утредента излезе МАНУ, но идејата не беше од МАНУ. Од Владата беше…

Повеќе од интервјуто прочитајте во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости