Дескоска и порача на Јанкуловска дека заврши времето на судии во тефтерчиња

by fokus 14:43
14:43

Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, изјави денеска по преземањето на функцијата министерка за правда Рената Дескоска, прашана за писмото од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во кое се обраќа за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО.

– Сакам да порачам не само на госпоѓата Јанкуловска, туку и на сите кои што имаат постапки пред судовите, дали во улога на обвинети или странки во други постапки, дека времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, ниту во диктирање на водење на постапки во судовите, ниту пак какви судски одлуки ќе носат судиите, рече Дескоска.

- Advertisements -

Секој граѓанин, посочи таа, без оглед во која улога бил или се наоѓа во моментот, треба да биде свесен дека судството е власт, која што е независна од извршната власт.

– Извршната власт нема право ниту да се меша, ниту да укажува како да се водат одредени судски постапки, а уште помалку какви да бидат судските одлуки во постапките, рече Дескоска.

Прашана за случајот „Алмир“, Дескоска, рече дека судски пресуди, откако влегла во Министерството за правда, нема да коментира, ниту пак ќе се меша во тоа какво одлуки ќе бидат носени.

Во однос на следните чекори на Министерството по одбивањето на екстрадицијата на Грујевски и Бошковски од судот во Атина, Дескоска рече дека откако ќе ја добијат официјално одлуката ќе ги преземат правните чекори согласно спогодбата за екстрадиција со Грција, но оти најверојатно ќе има обновување на постапката.

Поврзани новости