Арсовски: Било кој од четирите фаворити на СДСМ би имал предност пред Силјановска

by fokus

Политичкиот аналитичар и пи-ар експерт, Петар Арсовски, вели дека за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е хендикеп тоа што се гледа низ призмата на актуелниот претседател, Ѓорге Иванов.

Во вчерашното гостување во Отвореното Студио на „1ТВ“ тој вели дека четворката потенцијални кандидати на СДСМ, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, имаат предност пред Силјановска.

-Бројките кои ние ги гледаме релативно покажуваат дека било кој од овие четири кандидати кои се споменуваат како фаворити на СДСМ би имал стратешка предност во однос на Гордана Силјановска во било која претседателска кампања, особено доколку биде конснезуален кандидат. Предноста која ќе ја донесат албанските гласови во првиот круг е стратешка разлика која е биде тешко надоместлива за ВМРО-ДПМНЕ – вели Арсовски.

Тој додава дека почетните пораки на Силјановска во кампањата се уште подесни од оние на Влатко Ѓорчев.

-Таа најавува ревизија на Преспанскиот договот, враќање на законот за јазици, со тоа направи брана кон неопределените особено кон критичката јавност. Со тоа било кој од овие 4 кандидати би бил во предност. Изборот на СДСМ ќе се сведе на тоа како го замислуваат владеењето потоа и како го проектираат односот Влада- претседател во иднина – рече Арсовски.

 

Поврзани новости