Дума: Го советувам премиерот за реформските закони од правосудството

by fokus

По оставката во Државата изборна комисија, Виолета Дума, е назначена за надворешен советник на премиерот, Зоран Заев. Таа вели дека го советува премиерот за реформските закони од правосудството.

Како што објави „Макфакс“, пренесувајќи на изјава од Владата, Дума е ангажирана во кабинетот на премиерот како советник со посебни знаења и искуства од областа на судството и правосудниот систем. Нејзиниот договор е во времетраење од една година и завршува во јули годинава.

Дума за „Фокус“ вели дека учествувала во работата на реформските закони.

-Работев на законите од правосудството, значи Законот за судовите и Законот за судскиот совет. Мојот ангажман е советување на премиерот за текстот на законите кои ги предлага Владата. Назначена сум како надворешен советник – додава таа.

Мандатот на Дума во ДИК заврши откако заедно со останатите членови на Комисијата поднесоа оставки поради скандалот со изгласаните бонуси. Имено, членовите на затворена седница си поделиле бонуси во висина од неколку плати. Скандалот го обелодени амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Поврзани новости