Државата ќе плати за големата прослава, Заев апелира опозицијата да не сее омраза

by fokus

Трошоците за големата прослава која ја организира Владата низ 15 градови, ќе бидат покриени од државниот буџет, рече денеска премиерот, Зоран Заев. Се уште не се знае колку ќе биде финалната цена за овој настап на кој ќе настапат четриесетина музичари. Заев вели дека прославата е вредна заради, според него, остварување на децениската аспирација на Македонија.

-Одлучивме музиката да ја донесеме кај граѓаните, а не граѓаните со автобуси да ги носиме да прославуваат. Секој има право на став но никој не смее да шиканира граѓани за свој став. Прославата се организира согласно одлука донесена од Владата. Концептот значи централизација и квалитетна музика во повеќе градови, одлчна културна прграма. Целата прграма е како две театарски претстави кои државата ги финансира – рече тој.

Со пари од буџетот ќе се покријат трошоците за бини, озвучување, осветлување и надомест на музичарите. Прославата, рече премиерот, ја поддржуваат и локалните самоуправо на овие општини со логистичка и организација помош.

Тој испрати апел до опозицијата.

-Сакам опозицијата да престане да сее омраза врз демократското мнозинство. Македонија заслужи да прослави и затоа ја повикувам опозицијата да им честита на граѓаните.  И да не врши притисок врз музичарите кои на најрпофесионален и најтранспарентен начин учествуваат во прославата. Опозицијата треба да се одважи да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од сеење омраза, затоа што дури и музичарите и членовите на групите се граѓани како мене и вас кои ќе го соопштат својот став на референдумот – порача премиерот.

Поврзани новости