Димитров: Време е генерацијо да засукаме ракави и да расчистиме со предизвиците за нашиот идентитет

by fokus

Ќе не биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе не биде, напиша на својот фејбук профил министерот за надворешни работи, Никола Димитров, откако Советот на министри на ЕУ одлучи да и додели на Македонија условна препорака за почеток на преговори.

„Колку повеќе пречки, толку поголема радоста на крајот. Го пропуштивме времето кога патот беше асфалтиран, сега ќе се качуваме по планински пат, тесен и стрмен, покрај дожд и силен ветар. АМА ЌЕ НЕ’ БИДЕ! И сите тие кои уште се намрштени, збунети, скептични, без надеж – и нив ќе ги мотивираме. Време е генерацијо да засукаме ракави и да си ја завршиме нашата мисија. Да расчистиме со предизвиците за нашиот идентитет, државност и сигурна иднина.
И последно, исцрпувачки ден беше денес“, напиша тој вчера.

Поврзани новости