Димитров: Рака под рака со комшиите, Екатерина и Никос се бореа за нас како да се работи за нивна држава

by fokus

Шефоците на бугарската и грчката дипломатија, Екатерина Захариева и Никос Коѕијас, на Самитот на министри на ЕУ се заложиле за Македонија како да се работи за нивна држава, вели министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Најголемиот успех во Луксембург за Македонија, каде се трасираше патот за отворање преговори во јуни 2019 и отпочнување на сите подготовки од страна на Комисијата, е фактот што нашите соседи, Бугарија и Грција, односно Ekaterina (која претседаваше) и Никос, се бореа и аргументираа како да се работи за сопствените држави. Така како што му прилега на еден европски Балкан. Рака под рака со комшиите! Тоа всушност е најголемиот пресврт. Благодарност!“, напиша Димитров на својот фејсбук профил.

Поврзани новости