Димитров: Можевме да прифатиме име само за надворешна употреба, но тоа ќе беше „Централнo Балканска Република“

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната собраниска расправа за утврдување на нацрт амандманите, во реплика кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта можела да не прифати уставни измени, односно да прифати само име за надворешна употреба. Но тогаш името би било, како што рече, „Централно Балканска Република“.

-Можевме да не навлегуваме во домашна употреба, да има помал опфат, ако имаше име „Централно Балканаска Република“. Но тоа не е добро, името постои и за другите како нас ќе ни се обраќаат. Од една страна имаме продолжување на предизвиците на тоа кои сме. Не случајно немаме ниту еден документ со ЕУ потпишан наа македонски јазик или каде се спомнува јазикот. Од другата страна имаме отворање на врата, членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ. Иако не е само ЕУ и НАТО. Предизвикот дали сме македонски народ не постои врз основа на овој договор. Европскиот парламент не воздигнаа вчера, од Могерини, Хан и другите функционери во ЕУ. Ова е крај на истата илинденска борба која ја споменувате, да си ја зацврстиме државата – рече Димитров.

Поврзани новости