Димитров: Иванов не може да го брани Уставот кршејќи го

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната собраниска расправа во трето читање на законот за ратификација на договорот со Грција, проача дека претседателот, Ѓорге Иванов, е должен овој пат да го потпише указот, сакал тој или не. Тој рече дека претседателот е одговорен за кршење на уставот и законите во вршење на своите права и обврски. Аргументите на Иванов да не го потише указот првиот пат, додаде дека се неточни.

Тој се осврна на точките од образложението на претседателот.

-Најсодржинска е првата точка каде се вели дека не може да се прифатат идеи и предлози кои би го загрозиле македонскиот национален идентитет. Ве уверувам, ниту јас ниту било кој член на Владата, ниту претседателот на Владата не прифаќаме такви идеи. Како што потенциравме во могу наврати, конечната спогодба не само што не го загрозува македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација и јазик, туку ги реафирмира и зацврстува како никогаш до сега. Во пракса спогодбата ќе донесе етаблирање токму на нашиот идентитет и ќе ја надмине нашата ситуација на вечна борба со оспорено именување. Во точка два се цитира Уставот. Должни сме да бидеме искрени. Како што не може идентитетот да се брани копромитирајќи го со процесот на антиквизација, така не може уставот да се брани кршејќи го. Уставот децидно вели дека претседателот своите права и должности ги врши согласно своите права и должности согласно уставот – порача Димитров.

Тој посочи дека е недвомислена уставната одредба која му наложува на претседателот да го потпише указот откако Собранието ќе го изгласа во трето читање. На аргументот од Иванов дека вакви договори потпишува само претседателот, Димитров посочи дека тоа не е така, и дека од 897 меѓународни договори до сега склучени меѓу Македонија и други земји, само 5 договори ги склучил претседателот на Републиката.

Аргументот, пак, дека договорот ја потчинува Македонија кон Грција, рече, е на линија на ширење страв кога, рече, ни треба храброст, одговорност и ум.

-Се вели дека спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност на друга држава, односно кон Грција. Тоа е целосно правно неиздржано, затоа што Република Македонија не е доведена во зависност и потчинетост со тоа што постигна конечна спогодба согласно наведени правни односи. Што од спогодбата ја загрзува нашата независност? Спогодбата отвора врати за зачленување во НАТО и почеток на нашиот пат кон ЕУ. Ја потврдува и заокружува нашата независност и државност. Време е да се најдеме на страна на итнересите на татковината. Сите заедно да бидеме сплотени на државните и татковинските интереси. Не може Европскиот совет да најде за сходно еден цел реферат да посвети на нас, а ние да бидеме против тој процес – посочи Димитров.

Поврзани новости