Димитров: Ако има само еден глас повеќе против Договорот, ќе прифатиме дека тоа не е вистинскиот пат

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Al Jazeera е убеден дека референдумот ќе помине успешно и дека граѓаните ќе го одобрат Договорот за името склучен со Грција.

-Ако има еден глас против ние сме апсолутно спремни да подадеме рака и да кажеме дека ова не е вистинскиот пат. Пред големи историски дилеми граѓаните знаеле да го изберат правиот пат. Пред нас е избор меѓу минатото и иднината, стравот и надежта. Минатото е многу важно за нашиот идентитет, но не можеме да го смениме, можеме конечно на нашите граѓани да им понудиме избор каква држава ќе биде Македонија. Немаше поголема патриотиска должнст да ја создадеме оваа шанса и да им овозможиме на граѓаните да изберат. Сигурен сум дека ќе ја изберат иднината – вели Димитров.

Во врска со ставот на опозицијата, тој порачува дека прашањето е побитно од нечии политички игри и кариери.

-Ова е процес на растење. Не смееме да се плашиме од волјата на граѓаните, волјата на народот. Ова прашање е многу поголемо од целата политичка елита, од сите партии. Не смееме да мислиме на себе си, на личната кариера. Не сме совршени, правиме и гршки. Има многу области за партиско политичка битка, но стратешката игра на нашата нација не смее да биде предмет на партиски препукувања – посочува министерот.

На прашањето од новинарот за тоа дали Владата има план Б доколку не успее референдумот, Димитров вели дека се фокусирани на планот А.

-Убедени сме дека извлековме максимум. Дека имаме издржан компромис со јасна дистинкција меѓу нашата држава и делот на историскиот регион кој се наоѓа во Грција. Македонија нема друга стратешка алтернатива – додава тој.

Поврзани новости