Џафери замина на комеморативната седница во Косово за смртта на Демачи

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги одложи своите активност поради тоа што ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Кабинетот на претседателот на Собранието Џафери утринава информираше дека неговите денешни активности нема да се одржат.

Претпладнево во 9:30 часот пред Џафери свечени изјави требаше да дадат новоизбраните членови на ДИК, а потоа тој имаше закажано и средба со романската премиерка Виорика Данчила.

Поврзани новости