Братот на Здравко Чолиќ се појави на концертот во Скопје

by fokus

Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ во саботата одржа голем концерт во ВИП Арената во Скопје.

Шеесет и седум годишниот музичар повторно се најде во центарот на вниманието, а за настанот, како што речиси секогаш е вообичаено кога се неговите концерти во прашање, се бараше билет повеќе. Публика од сите краеви на земјава, познати јавни личности, негови колеги, музичари, актери, политичари помеѓу посетителите.

Овој пат, во Скопје по повод концертот допатувал и Драган, четири години помладиот брат на Здравко, кога публиката ретко може да го види на јавни случувања поврзани со кариерата на неговиот брат.

Во Скопје тој се дружел со пријателите на Здравко, а вчера поради работните обврски, се вратил назад, во Белград.

-Драган доаѓа на концертите на Здравко, секогаш кога тоа му го дозволуваат работните обврски. Тој има многу пријатели во Скопје. Беше и на концертот во Загреб, но бидејќи има ќебапчилница во Белград, и прави превкусни ќебапи, кога има премногу работа, не може да присуствува на настапите – ни раскажа Јованка Грозданоска, добра пријателка и голем фан на Чолиќ, која го следи на сите концерти во земјава, но и во регионот, со години наназад.

Инаку, Драган е сопственик на една од најпознатите ќебапчилници во Белград, ,,Сарајевски” која се наоѓа на Дорќол.

За познати српски медиуми уште пред неколку години раскажа дека кога од Сараево дошол во Белград, видел дека на главниот град му недостигаат сараевски ќебапи и ќебапчилници, па затоа го отворил ,,Сарајевски”, на место каде во минатото се наоѓала култната белградска кафеана ,,Ужичка кремна”. Местото го реновирал, и на менито се нуделе специјалитети по стари сараевски рецепти.

-Чистото телешко месо го купуваме од кланица, па сами ја правиме смесата за ќебапи без зачини и адитиви, по стара сараевска рецептура. Суџукот го правиме од истото месо, но додаваме и зачини. Покрај ќебапи, суџук и колбаси, правиме и автентични сараевски сомуни. Како во сите ќепабчилници во Сараево, така и овде не служиме кафе, а главен пијалок е јогуртот – раскажал Драган за српските медиуми.

Неговиот брат Здравко, по првиот, ќе одржи и втор концерт во Скопје, на 17-ти ноември, поради големиот интерес на публиката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости