Богдановиќ го назначи Васко Кичевски за нов директор на ЈП ПОЦ

by fokus

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната средба, го именуваше Васко Кичевски за Директор на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот В.Д. директор Вангел Андрески.

Васко Кичевски е роден на 21.11.1985 година во Скопје, Центар, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, насока – Индустриско инженерство и менаџмент. Учествува на многубројни интернационални натпревари за менаџмент и инженерски вештини и освојува четврто место за најдобар бизнис план на натпревар со над 300 натпреварувачи, организиран од ПСМ YES фондацијата, а под покровителство на SINTEF.

Во својата кариера, Кичевски беше маркетинг менаџер во Ајурведа ДООЕЛ Скопје, поранешен главен извршен директор на КК Работнички АД Скопје, а до скоро и советник во Советот на Општина Центар.

Поврзани новости