Блумберг: Франција инсистира да не им се даде датум на Македонија и Албанија

by fokus

Франција инсистира дека Европската Унија се уште не е подготвена да разговара за можноста за прифаќање на нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломати во Брисел до кои дојде „Блумберг“.

Во својата анлиза под наслов „Макрон сака да го забави проширувањето на ЕУ- удар за балканските аспирации“, „Блумберг“ пишува дека иако повеќето земји го поддржуваат членството на Северна Македонија и Албанија, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да започнат преговорите со двете земји.

„Париз сака понатамошните разговори да бидат постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат засегнатите земји. Ниту еден датум за формални преговори не треба да се дава на Албанија и Северна Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата методологија“, стои во нацрт коминикето што било проследено на 10 октомври од француски дипломати до другите влади на ЕУ.

Најновиот нацрт на одлуката, кој Блумберг го видел, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но според дипломатски извори „никој не е среќен“ со текстот.

Поврзани новости