Бектеши: И јас повикувам отказ да си дадат оние роднини што се вработени со влијание

by fokus 12:09
12:09

Министерот за економија, Крешник Бектеши, и понатаму тврди дека немал извршено влијание при вработувањето на неговата сестра во АД МЕПСО. Антикорупциска комисија вчера одлучи да поднесе прекршочна пријава бидејќи Бектеши не ја известил Комисијата за вработувањето на неговата сестра, која, пак, во апликацијата како адреса на живеење ја навела адресата на која живее Бектеши.

Според министерот станува збор за технички пропуст. Бектеши вели дека ќе ја плати казната што ја предвидува Законот, но дека сестра му останува на работното место затоа што во случајот не е утврдено негово влијание при вработувањето.

- Advertisements -

-Комисијата ќе поднесе прекршочна постапка поради неизмена на живеалиштето, а не за самото вработување. Законите предвидуваат дека требало да се пријави вработувањето, но јас тоа не сум го знаел – вели тој.

Во врска со повикот на премиерот, Зоран Заев, кој порача да поднесат отказ сите роднини кај кои е утврден непотизам, Бектеши вели дека се приклучува на повикот.

-И јас го испраќам тој повик. Го делам истото мислење со премиерот, таму каде е утврдено дека не се почитувани процесите за вработување, каде има влијание, што не е случај со мојата сестра – изјави Бектеши за „Фокус“.

Според Антикорупциска, Влора Бектеши била избрана од 73 кандидати за работно место референт за правни работив во МЕПСО. Изборот бил направен без записник за интервјуа и бодирање, а од петмината кандидати кои влегле во потесен круг.

M.В.

Поврзани новости