Балканци печеле јагниња на рaжен среде Берлин, полицијата морала да интервенира

by fokus

Необичен призор ги дочекал посетителите на паркот во Берлин, а морала да реагира полицијата и пожарникарите. Неколку семејства од Балканот печеле јагниња на импровизиран ражен среде паркот. Механизмот бил поврзан со акумалтори од нивните возила, за јагнињата да се вртат автоматски.

„Имаа акумулатори, јагленот беше распален, кога ги прашавме зошто го прават тоа, ни рекоа дека го слават Велигден, како и секоја година“, напишаа берлинските полицајци на својата службена фејсбук страница.

Од полицијата велат дека се работи се иселеници од Босна и Херцеговина.

Тие добиле наредба да го размонтираат импровизираниот ражен, а можно е да добијат и парична казна.

https://www.facebook.com/PolizeiBerlin/posts/864727210378051

 

Поврзани новости