Алијанса за Албанците: Со заканите кон Таравари ДУИ ја покажува својата темна страна

by fokus

Заканата по живот на генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, др. Арбен Таравари и неговото семејство, од страна на партиски милитант на ДУИ Хебиб Фејзули, со дебело криминално досие, претставува напад врз политичкиот субјект Алијансата за Албанците, граѓаните на Гостивар и на пошироката јавност, велат од Алијансата за Албанците откако градоначалникот на Гостивар се пожали дека добивал закани од Фејзули.

„Овој срамен чин, заканата по живот, ја покажува темната страна на ДУИ и нивните партиски експоненти, кои заштитени од законот, си дават право да дејствуваат како локални шерифи, и да идат толку далеку дури со јавно заканување на градоначалник, избран од страна на легитимните гласови на своите граѓани. Овој вандалски чин на милитантите на ДУИ со познато криминално досие, е продолжување на различни политички опструкции кон Општина Гостивар од страна на СДСМ и ДУИ, откако ги одзедоа ингеренциите во образование, откако ги именуваа старо новите директори до блокирање на буџетот на општината“, порачуваат од Алијансата.

Од таму ја повикуваат полицијата и обвинителствот, како и други релевантни институции, што е можно поскоро да се преземат конкретни мерки против насилниците и истите, како што велат, да се појават пред лицето на правдата и да ја добијат казната што ја заслужуваат, овозможувајќи му на градоначалникот на Гостивар и на новото општинско раководство да ја вршат својата работа и да ги исполнат ветувањата дадени пред граѓаните на Гостивар.

„Време е милитантите на ДУИ во Гостивар да ја прифатат новата реалност во Гостивар. Гостиварчани ја осудија политиката на ДУИ, токму поради ваквите криминалци и “шерифи”, кои биле недопирливи пред законот и полицијата“, додаваат од Алијансата. 

Поврзани новости