Актерот Висар Вишка во тимот на новиот министер за култура

by fokus

Актерот Висар Вишка од Македонскиот народен театар, ќе биде дел од кабинетот на новиот министер за култура, Асаф Адеми. Вишка вчера се појави и на прес конференцијата на која беше означено примопредавањето на кабинетот.

Се уште не се донесени одлуките за екипирање на тимот на новиот министер, но Вишка најверојатно ќе биде советник на Адеми за културни политики. Последниов период тој беше забележан во медиумите како предводник на протестите за малиот Алмир.

Остануваат непополнети местата за шеф на кабинет и лице за односи со јавност откако од Министерството се повлече и портпаролот на Алаѓозовски, Петрит Сарачини.

Поврзани новости