Ахмети: Треба да бидеме реални, не можеме во трка против македонската страна да го избереме шефот на државата

by fokus
Создадени се условите за гласање на заеднички кандидат за претседател кој ќе ги престави сите заедници во Република Северна Македонија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на вчерашниот собир со жителите на општина Шуто Оризари и Чучер Сандево.
-Се откажавме од неиздржаните партиотизми останувајќи прагматични и рационални за да стигнеме до целта. Ја предложивме идејата на консензуалниот претседател и како идеја ја претставивме на двете страни. Треба да бидеме реални, не можеме преку гласање и трка со македонската страна да го избереме шефот на државата. Но, како ги реализиравме, како што изброија моите соработници, Министерството за Одбрана, Министерството за Внатрешни Работи, Народниот Правобранител, Претседателот на Собранието, така ќе се спроведат овие цели. Тука има разлика помеѓу нас и помалите партии. Разликата е што јас Али Ахмети, не калкулирам дали ќе победам на следните избори или не. Јас работам заедно со моите соработници за да направам добри дела кои ќе бидат во корист на Албанците и после одлучуваат граѓаните за кого ќе го дадат нивниот глас. Ова нас не држеше непоразени 18 години по ред иако сакаа да не поразат затоа што сме им пречка, бидејќи ние промовираме програма, визија и идеја, а ова им смета на другите. На маса ние знаеме да раководиме и во преговорите, знаеме да преговараме и со гордост сме ги заштитиле барањата и унапредувањето на Албанците во овие простори. Нашиот имотен лист е тука, во ова место и истиот треба да го чуваме и заштитиме. Сега успеавме да се договориме за консензуален кандидат, заеднички или од Владата, како сакате нарете го – рече освен другото лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот Ахмети рече дека со решавањето на спорот со името со соседна Грција, Македонија ќе ги отпочне преговорите за членство со ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО што е гаранција за подобар живот на граѓаните.
-Во ова земја се напрвени се големи работи. На крај на годината ќе бидеме членка на НАТО. За пет години ќе станеме членка на ЕУ. Но, како што имавме заложба да ја добиеме поканата за членство во НАТО, така имаме обврска и за членството во ЕУ. Имаме дополнителни задачи. Во ова земја треба да владее законот, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, реформи во судството и ние после пет години ако сме успешни во спроведувањето на реформите, треба да бидеме убедени дека ќе станеме полноправна членка на Европска Унијa – истакна лидерот Али Ахмети.

Поврзани новости