20-годишен штипјанец доби кривична поради расистичка објава на Фејсбук

by fokus

Против 20-годишен штипјанец со иницијали С.Ш. е поднесена кривична пријава за расистичка објава на социјалната мрежа Фејсбук, со која поттикнувал насилство и омраза.

„СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против С.Ш.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик. На 16.03.2019 година, пријавениот на неговиот „Facebook“ профил објавил коментар и слика со кои ширел расистички и ксенофобичен материјал и поттикнувал омраза и насилство“, велат од полицијата.

На С.Ш. му се заканува затворска казна од една до пет години за ова кривично дело.

Поврзани новости