Скопјанец со бори за живот откако со Мерцедес удрил во канделабра, па во билборд и ограда

by fokus

30-годишен скопјанец е хоспитализиран во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде се бори за живот, откако синоќа со Мерцедесот со кој управувал удрил во канделбра, па во рекламен билборд, па во ограда. Сообраќајната незгода се случила на булеварот Србија, синоќа на полноќ.

Според полицијата 30-годишниот С.М. во еден момент изгубил контрола на возилата. Од судирот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на брза помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил задржан на понатамошно лекување, бидејќи се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Поврзани новости