Ерос Рамацоти вечерва ќе го крене Скопје на нозе

by fokus

Светската музичка ѕвезда Ерос Рамацоти вечерва во 20 часот ќе одржи концерт во А1 Арена во Скопје.

Рамацоти пристигна вчера во Скопје со комплетно своја продуцкија (звук, светло и видео).

Скопскиот концерт е во рамки на неговата турнеја што почна во февруари годинава, ги опфаќа сите континетни, и го промовира најновиот студиски албум „Vita ce n’e“ што ќе излезе на 23 ноември годинава.

Билетите за концертот може да се набават во музичката продавница на „Авалон продукција“ или онлајн.

Поврзани новости