Ермира Мехмети стана советник во австрискиот парламент

by fokus

Поранешната пратеничка на ДУИ, Емира Мехмети, е ангажирана како консултант од страна на австрискиот парламент. Таа склучила едногодишен договор како правен советник на пратеникот Штефан Шенах во Советот на Европа. Шенах беше набљудувач на изборите во Македонија како шеф на мисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, пренесе Утрински весник.

-Со договорот јас сум правно-политички советник на пратеникот Штефан Шенах во областа на меѓународните односи, развој на стратегии за Балканот, одржлив развој, обновлива енергија. Договорот предвидува ангажирање, советување и помош при изготвување на извештаите и резолуциите на Комитетот за мониторинг на Советот на Европа, изјави Ермира Мехмети за весникот „Лајм“.

Поврзани новости