Ермира Мехмети си замина од ДУИ

by fokus

Експратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, денеска на својот профил на Фејсбук објави дека е слободен граѓанин и дека не е веќе претставник на ниту една политичка партија.

„Би сакала да ве известам дека мојот мандат како пратеник во Собранието на Република Македонија завршува денес. Во текот на изминатите осум години ја имав честа и обврската да ви служам и да работам за решавање на проблемите и реализација на вашите потреби. Денес заврши овој пат полн со предизвици и одговорност за мене.
Би сакала, исто така, да ја информирам јавноста дека почнувајќи од денес, јавно поднесов оставка од сите мои политички функции во Демократската унија за интеграција.

Почнувајќи од денес, јас, Емира Мехмети, сум слободен граѓанин и не ја претставувам ниту една партија. Сите симболи и политичката иконографија, почнувајќи од денес и во деновите што доаѓаат, ќе бидат отстранети од мојата официјална фан страна на Фејсбук“, пишува Мехмети.

Како што е веќе познато во јавноста, таа неодамна стана нотар, како и советник во австриското собрание.

 

Поврзани новости