Ермира Асани Салија ќе го замени Бедредин Ибраими во ДИК

by fokus

БЕСА ја предлага Ермира Асани Салија за член на Државната изборна комисија, на местото на Бедредин Ибраими од ДПА. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната сеница го утврди предлогот на БЕСА, а изборот ќе биде ставен и на дневниот ред на денашната пленарна седница, по што Салија ќе седне во составот на ДИК.

Салија е дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата. Доаѓа на местото на Ибраими бидејќи БЕСА е четврта партија според бројот на пратеници во парламентот.

ДПА го загуби правото да делегира претставник во ДИК по поразот од последните парламентарни избори. Ибраими, инаку, е обвинет во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности.

Поврзани новости