Ердоган тужи француски весник за навреда на шеф на држава

by fokus 18:39
18:39
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го тужеше францускиот неделник „Поен“ (Le Point) за навреда на шеф на држава бидејќи  во еден текст навел дека Ердоган  е „истребувач“, алудирајќи на турската офанзива против курдските сили во североисточна Сирија.
Неделникот на својата насловна страница во последниот број се прашува далу нему (на Ердоган) светот ќе „му дозволи масакр на Курдите и закани кон Европа“.

По излегувањето на написот адвокатот на Ердоган поднесе тужба во Анкара за „навреда на шефот на државата“. Тужбата се однесува на директорот на весникот Етијен Жернал и уредникот на надворешната рубрика Ромен Жибер.

Жернел наведе дека весникот нема да повлече ниту еден збор, оценувајќи дека Ердоган има пробеми „со слободата на изразување“.

- Advertisements -

Во написот се споменува „етничко чистење“ на Курдите во Сирија и се наведува дека турските власти „соработуваат со Исламска држава и Ал Каеда, кои ги извршуваат валканите работи за Ердоган“.

Поврзани новости