Ердоган: Ова се досега најстрашните пожари во Турција

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека шумските пожари што ја зафатија Турција ова лето се најлошите пожари што ги претрпела земјата.

Десетици илјади хектари беа уништени во нив низ турските медитерански и егејски провинции, објави Ројтерс.

Осум лица загинаа, а илјадници Турци и туристи беа евакуирани.

Стотици луѓе побараа медицинска помош поради 180 -те пожари што гореа од 28 јули, меѓутоа, повеќето се пуштени од болниците.

Провинцијата Мугла, каде што се наоѓа електраната Кемерка, е еден од најтешко погодените региони.

Изгоре 55.000 хектари шума, двојно повеќе отколку во цела Турција минатата година, додека 36.000 луѓе беа евакуирани.

Во регионот се уште горат 12 пожари, но оние што синоќа стигнаа до периметарот на фабриката беа изгаснати, така што објектите не беа оштетени, објавија властите.

Поврзани новости