Ердоган: Ова е провокација, сакаат да ни го нарушат односот со Русија

by fokus

По атентатот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој вчера беше застрелан на изложба во Анкара, со реакција се огласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Ова е напад и на Турција. На турскиот народ и е јасна провокација кон турско-руските односи. Уверен сум дека нашите руски пријатели исто така можат да го видат овој факт- порача Ердоган.

Тој додаде дека со рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарале и се договориле заеднички да спроведат истрага.

Путин вчера го осуди нападот и рече дека се работи за терористички акт.

Поврзани новости