Ердоган не прифаќа пораз, бара нови избори

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека се залага за повторување на изборите за градоначалник во Истанбул, кои резултираа со победа на опозицискиот кандидат.

Владејачката партија на Ердоган, која ја загуби власта во главниот град, Анкара, на изборите одржани на 31 март, веќе поднесе жалба до Високиот изборен одбор на Турција, да ги поништи изборите во Истанбул, поради нерегуларности и да ги повтори.

„Овде постојат контроверзи, тоа е јасно. Постојат и неправилности, тоа исто така е јасно. Дa се свртиме кон луѓето и ќе видиме што кажуваат и без оглед на исходот, ние тоа ќе го прифатиме“ рекол Ердоган во Истанбул.

Тој нагласил дека Турција е подготвена да обезбеди целосна поддршка на меѓународните инвеститори, додавајќи дека и покрај нападите на туркста економија, Владата ја контролира ситуацијата.

Поврзани новости