Епл размислува да ја отстрани социјалната мрежа Парлер поради насилни коментари

by Fokus

Епл се закани дека ќе ја отстрани социјалната мрежа „Парлер“ од својата онлајн-продавница доколку наскоро не ја промени својата политика за ублажување на содржината.

Парлер е социјална мрежа на која многумина кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп се префрлија откако нивните профили на други социјални мрежи, како што е Твитер, беа суспендирани како дел од политиките за ублажување на содржината.

Во писмо испратено до Парлер од страна на тимот за преглед на Епл се наведуваат примери во кои социјалната мрежа била искористена за планирање на заминувањето на демонстрантите кон Вашингтон со оружје, по упадот во зградата на американскиот Конгрес.

-Исто така, се чини дека мрежата Парлер продолжува да се користи за планирање и организирање на понатамошни незаконски и опасни активности. Социјалните мрежи не смеат да се користат за координирање на бунт, насилство, пишува Епл во писмото до Парлер.

Поврзани новости