Епидемиолог од Белгија: Потребно е да се вакцинира 80% од населението

by fokus

Епидемиолозите во Белгија алармираат дека целта на вакцинација на 70 отсто од населението не е доволна за да се запре епидемијата од Ковид-19.

Во интервју за весникот Ниузблад, епидемиологот Пјер Ван Дам од Универзитетот во Антверпен посочи дека за ефективно спречување на инфекциите треба 80 проценти од населението да се вакцинирана.

И други епидемиолози во Белгија се придружија кон оваа научна проценка.

Главна причина за овој став е дека вирусот брзо мутира, а вакцините не се сто отсто ефикасни.

-Знаеме дека 70 отсто нема да биде доволно за да се стави вирусот под контрола, затоа мораме да целиме кон повеќе, стапка на вакцинираност од 80 отсто би требало да е изводливо, истакна Ван Дам.

Поврзани новости