Епидемија од загадена вода во населени места околу Гевгелија и Богданци

by fokus

Центарот за јавно здравје во Велес денеска ќе ги презентира резултатите од направените испитувања во врска со појавата на хидрична епидемија во населените места Стојаково и Селемлија во општините Гевгелија и Богданици.

Резултатите, велат од таму, ќе дадат одговор на сомненијата за постоење на епидемија предизвикана од контаминирана вода во овие населени места, причините за нејзина појава, како и дадените препораки и стручни мислења.

Жителите на Гевгелија инаку со години пијат вода загадена со арсен, која во својот состав од овој токсичен елемент има и пет пати повеќе од дозволеното.

Поврзани новости