ЕП во среда ќе ја гласа резолуцијата за Македонија

by fokus

Европскиот парламент во среда ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл е ставена на дневен ред за гласање во среда напладне, заедно со резолуциите за Србија и Косово.

За време на јунската сесија во Стразбур, не е предвидено да се води дебата пред гласањето, со оглед дека европратениците веќе дебатираа за Извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето, се додека не се разјасни политичката ситуација во Македонија.

Со оваа резолуција, која беше усвоена од Комисијата за надворешни работи на ЕП, уште еднаш се препорачува започнување на преговорите за членство на Република Македонија со Европската Унија.

При усвојувањето на резолуцијата во комисијата „з“ гласаа 54 европратеници, а „против“ беа девет од кои седум грчки европратеници и два други од групата на Европската обединета и нордиска левица.

Поврзани новости