Емил Угриновски доби признание – личност на Југоисточна Европа за 2017 година

by fokus

Генералниот директор на „Неуромедика” д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа (SEE a Paris – South-East European Film Festival 2017).

Реномираната манифестација ќе се одржи од 31.05-03.06 во Париз во престижниот “Theatre Le Palace”. Организаторите на фестивалот ова признание на Д-р Емил Угриновски му го доделуваат за заслуги и достигнувања од областа на бизнисот, медицината и како особен придонес за европеизација на земјите од Југоисточна Европа.

„Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите во Југоисточна Европа. Веќе 25 години со многу ентузијазам и енергичност посветен сум на унапредување на здравстевениот и бизнис секторите во мојата држава Македонија, а нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот. Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелектуалци кои несомнено имаат значителен приодонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширење на позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа. Признанието го добивам во вистинско време во најзначајната година на мојата бизнис кариера, кога славиме 25 години Неуромедика и отворање на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје кое е закажано на 28-ми јуни 2017.”, истакнува д-р Емил Угриновски.

Во рамки на доделувањето Д-р Емил Угриновски ќе биде почесен гостин на симпозиумот во склоп на фестивалот “Eвропеизација на Балканот и балканизација на Европа” каде ќе има кратко излагање по покана на Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите.

Д-р Емил Угриновски е најмлад добитник на оваа заслуга, а досегашни добитници на овие признанија се и Бранислав Мичуновиќ министер за култура на Црна Гора, актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски, бизнисмените Трифун Костовски, Силјан Мицевски и Живко Мукаетов.

Покрај Д-р Емил Угриновски оваа година признанија ќе им бидат доделени и на Душан Макавејев од Србија за заслуга “Легенда на ЈИЕ” и Јон Карамитру од Романија со заслуга за “Актер на ЈИЕ”.

За „Неуромедика” и Д-р Угриновски ова е трето признание за една година, во октомври 2016 наградите “Најдобра болница” и “Менаџер на годината” од страна на “Europe business assembly” и награда “Stubrand 2017”, Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита и прва приватна болница сертифицирана како STUBRAND во Македонија.

Поврзани новости