Емануел Макрон е новиот претседател на Франција

by Fokus

Центристот Еманеул Макрон е новиот претседател на Франција. Според првите проекции на изборните резултати, тој доби 62,5 отсто од гласовите, јавува дописникот на МИА од Париз.

Марин Ле Пен од партијата од крајната десница „Националниот фронт“, освои 34,9 отстo од гласовите, што претставува многу подобар резултат од тој на нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен во 2002 година, кога наспроти Жак Ширак освои само 17,79 отсто од гласовите.

Излезеноста на гласачките места според првите проценки е 74,7 отсто, што претставува помалку во споредба со 2012 кога гласаа 80,35 отсто.

Макрон на 39 години станува најмладиот претседател на Франција, осми по ред на Петтата Француска република.

Поврзани новости