Елиф Елмас оди по чекорите на Горан Пандев?

by fokus

Македонскиот бисер Елиф Елмас со своите партии во Фенербахче и националниот македонски тим го привлече внимание на многу европски гиганти.

Се редеше интересот од Манчестер сити, Реал Мадрид, но многу е веројатно тој кариерата да ја продолжи во Италија.

За него сериозен интерес покажал Лацио, кој речиси сигурно ќе остане без услугите на Сергеј Малинковиќ Савиќ, за кого се интересира гигантот Милан.

Фенербахче порача дека почента сума за продажба на Елмас е 15 милиони евра, а со очекува во текот на летото целосна разврска околу неговата кариера.

Поврзани новости