Еленко Миланов: Пресудата за Поповски е драстична

by fokus

Адвокатот Еленко Миланов кој е дел од одбраната на неколку случаи од СЈО, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека пресудата од 9 години затвор за Ѓоко Поповски од МВР за случајот „Триста“ е драстична.

-Оваа пресуда не можам да ја коментирам, бидејќи го немам прочитано обвинението, но е драстична. Посебно за одредување на притвор на лице кое постојано е присутно на рочишта, дури и во лоша здравствена состојба со придружба. Не може да се одреди притвор само затоа што има првостепена пресуда, рече Миланов.

Поврзани новости