Елена Велевска главна ѕвезда на ТВ Планета: Кога ни забранија во Македонија, ќе се рекламираме во Бугарија

by fokus

Фолк ѕвездата Елена Велевска ја промовираше новата песна ,,Погледни ме за крај’’ во соседна Бугарија, на една од најгледаните регионални музички телевизии – ,,Планета’’ во склоп на нивното Новогодишно шоу.

Вели дека тамошната естрада одлично ја прифатила, и жали што нашите музичари, поради забраната на ЗАМП мора да бараат алтернативи за промоција на своите нови песни, надвор од земјава.

,,Новата песна ,,Погледни ме за крај’’ е дел од мојот нов проект, односно го означи моето запловување во водите на поп естрадата. Зад композицијата стојат докажаните автори Роберт Билбилов и Огнен Неделковски и не можам да си дозволам ова извонредно дело да стои во фиока поради забраната за емитување на музика од автори членови на ЗАМП која што кај нас е присутна веќе од дваесетти септември. Јас живеам од и за музиката, па кога кај нас не можам да ја промовирам мојата работа, тоа го сторив кај нашите соседи. Бугарите се воодушевени од мене и мојата работа, и мојата песна ја испеав на македонски јазик. Одлично бев прифатена, драго ми е што сум дел од нивното Новогодишно шоу кое што е едно од најгледаните во регионов за време на празниците“, вели Велевска.

15300614_10211059755793539_1081695292_n

Таа вели дека за време на гостувањето во Софија се запознала со голем број бугарски музички ѕвезди, била поканета на многу снимања и промоции.

„Знам дека кај нас можеби ќе има и разни предрасуди, но ние вистинските музичари сме принудени да бараме начини како да опстанеме во оваа ситуација која што ни беше наметната, не поради наша вина. Од она што може да се заклучи околу забраната за емитување на македонска музика кај нас, искрено не гледам дека во скоро време ќе следи некоја завршница на целиот случај, и недозволиво ми е да седам со скрстени раце и да чекам дали и кога ќе биде укината забраната, за да продолжам нормално со моите работни активности, како што се промоциите на нови песни и спотови’’ – вели Велевска.

Таа додава дека наскоро ќе се снима и спот за истата песна. Позната како една од нашите најбарани пејачки, кога се настапите во прашање, веќе го договорила Новогодишниот настап во Охрид, на градскиот плоштад.

Вики Клинчарова

Поврзани новости