Елена Ристеска за Влатко: Поздрави го Тоше, таму некаде ќе си го испееме и дуетот

by fokus

Голем број од естрадата денеска се збогува со Влатко Илиевски, кој вчерва беше пронајден мртов во својот автомобил. Елена Ристеска објави дека вчера Влатко и пишал да направат дует.

-Слушам и не можам да верувам, читам и шокирана сум до бескрај… Што да напишам? Што да кажам? Боли кога ќе згасне млад живот, посебно уметничка душа обожавана од сите и од колегите. Знаевме да се скараме, знаеше да се нашали, не бевме најблиски ама се почитувавме. Не ми се верува дека вчера околу ручек ми пиша да направиме дует за “Усни како темно мастило” што требаше да го направиме одамна, а денес веќе го нема! На следната слика ја ставив пораката. Некогаш не разбирам зошто Бог ги зема ваквите луѓе, но верувам дека сега таму кадешто е, посреќен е… Почивај во мир, поздрави го Тоше и татко ми, еден ден таму некаде ќе си пееме и ќе си го испееме и дуетот, стои во статусот на пејачката Елена Ристеска.

Поврзани новости