Елена Ковачевска во софистицирана свилена комбинација на приемот кај американскиот претседател Џо Бајден

by fokus

На покана на американскиот претседател Џо Бајден, премиерот Димитар Ковачевски заедно со сопругата, синоќа присуствуваа на свечениот прием што тој го организираше во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

За свечениот прием кај американскиот претседател Бајден, сопругата на премиерот, Елена Ковачевска се одлучи за софистицирана свилена тоалета на црна основа.

Комбинацијата се состои од црна свилена блуза и сукња со А крој и истакната половина изработена од материјал со дискретни цветови кои излегувајќи од темнината наликуваат на уметничка слика.

Kреацијата е на Тања Кокев која со желба да најде решение кое совршено ќе и прилега на Ковачевска и ќе биде соодветно на посетата, се навраќа на една од постарите есен – зима колекции.

Се чини дека инспирацијата од минати колекции е тенденција која во моментов ги води модните избори за појавувањата во јавноста.

Целокупниот стил на Ковачевска која нечесто ја гледаме во јавноста плени со смиреност, минимализам и софистицираност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости