ЕЛЕМ тврди дека се е под контрола

by fokus

По информациите дека еден од трите блока во РЕК Битола вчеравечер откажал, па дополнително се увезувало струја во земјава, со реакција се огласија од ЕЛЕМ. Во нивното соопштение не e кажано дали се работи за редовно или дополнително увезување на струја, ниту се споменува каков било дефект, туку само убедуваат дека ситуацијата ја имаат под контрола.

-Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија-  вели директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски, додавајќи дека откако земјата е зафатена со студен бран, потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти.

– Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме – стои во соопштението од ЕЛЕМ.

Поврзани новости