ЕЛЕМ најавува намалување на цената на струјата

by fokus

Оваа година може да дојде до корекција на цената на струјата и нејзино поевтинување, според трендовите на светскиот пазар, најави претседателот на управниот одбор на ЕВН-Македонија Штефан Петер.

-Оваа година може да се очекува намалување на цената. Долгорочно тоа зависи од глобалниот пазар на електрична енергија, не зависи само од нас и мора да се одлучува од година во година – изјави Петер.

Инаку, од утре оваа компанија ќе почне да ги усогласува броилата во домаќинствата за евтината тарифа. Се очекува до крајот на октомври процесот да биде завршен и граѓаните да можат да користат евтина струја и во попладневните часови.

-Нашите технички поготовки веќе се направени да го имплементираме тоа на 800.000 домаќинства. Не можеме да го направиме тоа одеднаш, но ќе го направиме во текот на октомври. Со тоа ќе се намалат трошоците за граѓаните, особено во зимската сезона која ни следи – додаде тој.

Од ЕЛЕМ додаваат дека најголемиот производител на електрична енергија во земјата, РЕК Битола ќе почне да работи со полн капацитет до крајот на октомври, кога се очекува да завршат ремонтите на блоковите 1 и 3.

Поврзани новости