Екстремни горештини преовладуваат во Европа

by lali

Периодов во Европа преовладуваат големи горештини. Во 2003 година последен пат во Европа имало вакво време, а тогаш починале 15.000 луѓе.

Топлотниот бран вчера ја погоди северозападна Европа и го зголеми стравот од уште поголема суша, а во францускиот град Бордо била измерена рекордна температура од 41,2 степени Целзиусови.

Во наредните денови температурите ќе продолжат да растат во цела Западна Европа, но веќе во петок ќе почнат да паѓаат, предвидуваат метеоролошките служби.

Метеоролозите предупредуваат дека температурите што ќе ја погодат Франција утре би можеле да го урнат историскиот рекорд и овој топлотен бран го споредат со оној од 2003 година, нагласувајќи дека тоа ќе биде уште полош.

Слични мерки се спроведуваат и во други европски градови. Во Виена, Австрија, градските власти помогнаа да се развие нова апликација наречена „Градска оаза“ со чија помош жителите можат да најдат места за освежување: паркови, фонтани и слично.

Поврзани новости