ЕКСТЕРНО: Децата се буквално преплашени

by fokus 21:19
21:19

Професорката по информатика и програмски јазици во СОУ Коста Сусинов, Радовиш, и магистер по информатика, Билјана Теохарева Филипова, која што вчера се најде во центарот на вниманието со својот Фејсбук статус, посветен на екстерното тестирање кое што е во тек низ училиштата, преку ,,Фокус,, им порача на нејзините колеги, наставници и професори, но и на родителите на учениците, да се обединат и да потпишат петиција со која што ќе им дојде крајот на маките предизвикани од екстерното.

,,Денес цел ден ги гледам уплашените лица на најдобрите ученици. Со прашањата во рака одат од наставник до наставник, изморени и истрошени. Место да се радуваат на крајот од учебната година тие се под стрес, алоооо на 6 јуни под стрес. Пред неколку денови пред мои очи едно 10 годишно девојче почна да се тресе и плаче кога дозна дека треба да научи 500 прашања, не можам од глава да ја извадам. На матура та им броите зборови на есејот, и не им читате што напишале ако не се толку зборови колку што вие мислите. Не ве научија ли дека со две реченици може да кажете многу повеќе отколку цел ден да зборувате?? А, бе оставете ги децата на мир, тие детство треба да имаат, оставете ги! Со екстерното на нас ни велите дека нашата оцена не е валидна? ?? Ние кои секој ден сме со тие деца, ние кои секој ден знаеме за нивните таги и радости. Нели ви е срам?? Е, затоа најдобрите заминаа и ќе заминат, затоа наставниците се деморализираат, докторите ви бегаат. Не ги чепкајте барем тие невини души, грев правите. Со што ќе ги вратите стресот на децата, душата каде ќе ви оди???,, – гласи нејзиниот статус, кој што само за неколку часа беше споделен околу 850 пати на социјалните мрежи.

- Advertising -

,, Од Радовиш сум како што кажав, 18 години предавам Информатика и Програмски biljana teohareva filipova1јазици,  магистрирав пред 4 години. Децата се буквално преплашени, ама оние најдобрите, за слабите е супер, родителите сите реагираат ама се плашат да го кренат гласот, наставниците сите велат дека се против екстерното, ама повеќето се млади вработени од оваа власт и не смеат збор да кажат. Толку се сите разочарани, а истовремено исплашени да кажат НЕ, не можам да разберам… Иако две години по ред бев во листата на наградени наставници, сепак стојам на ставот дека ова е најголемиот стрес за децата! Најголема награда за мене е знаењето на моите ученици, љубовта и разбирањето!

Замислите, децата минуваат низ секакви периоди и ние се знаеме за нив, но на крај ние сме деградирани само со 30 прашања! А сликата за десетгодишното девојче, не можам да ја избришам од главата!,, – раскажа Билјана, додавајќи дека додека го пишувала статусот не очекувала ваква реакција, а профилот од премногу барања за пријателство и се блокирал.

Речиси нема дете или родител деновиве кој што не почувствувал притисок поради екстерните тестови. Со тестирањето се опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта. Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година со цел да се провери објективноста на наставниците при оценувањето на учениците.

На социјалните мрежи е објавена и пародија со прашања која што учениците масовно ја споделуваат, а во која што дел од прашања се

-За опуштање се гледаат филмови со

а. Бред Пит

б.Шон Конери

ц. Хју Грант

г. Николас Кејџ

-Шеќеринска ја гаѓале со

а. Чаши

б.флаши

в. Камења

-Марија Андонова чекала вработување

а. 2 години

б. 3 месеци

ц. 8 месеци

г. 4 месеци

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости