Екстази со лого „мицубиши“ најдени кај неготинец за време на празниците

by fokus 11:44
11:44
За време на празниците во Неготино било приведено 27 годишно лице со екстази и марихуана, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Неготинецот бил лишен од слобода на 7 април поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РМ. 
– При вршење на претрес на лицето пронајдени и одземени се 75 непознати таблети со триаголна форма во розова боја со лого „Мицубиши во парче од најлон кеса и најлон кеса со непозната растителна материја со зелена боја, појасни Додевски.
Лицето било задржано во ПС ОН Неготино се додека не заврши документирање и расветлување на случајот.

Поврзани новости