Експлозија во Урошевац, повредени 42 лица

by Fokus

Бројот на повредени во денешната експлозија во ресторанот „Вилиџ“ во Урошевац (Феризај) во Косово, се искачи на 42, а меѓу нив има и две малолетни лица, изјави денеска градоначалникот Казим Река.

Во изјава за приштинскиот портал Телеграфи тој рече дека 12 повредени лица биле испратени во Ургентниот центар во Приштина, пренесува Танјуг.

Експлозијата се случи околу 15 часот и според првичните податоци, се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот

Поврзани новости