Експлозија во погон на „Виталија“ кај Керамидница, двајца работници повредени

by fokus

Експлодира печка на гас во погон на фирмата „Виталија“ во населбата Керамидница. Инцидентот се случил вчера во 10.00 часот при што биле повредени неколку работници.

Повредени биле М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од с.Агино село-кумановско кои се здобиле со телесни повреди. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес. Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.

Поврзани новости