Експлозија во куќа на јавен обвинител од Кичево – запалено му е возилото

by fokus

Експлозивна направа вчера околу 19 часот била фрлена во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Кичево, соопштуваат од Обвинителството.

Експлозијата го оштетила возилото „Сеат леон“ кое било паркирано во просторијата во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.

-Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството врши проверка и на видео записите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот, додаваат од Обвинителството.

Поврзани новости