Експлозија во Кабул, има и загинати

by Fokus

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени во денешната експлозија на бомба на популарна шопинг улица во Кабул, соопштија болнички службеници и очевидци.

Бомбата експлодирала во западниот кварт на градот, каде редовно се собираат припадниците на малцинската шиитска заедница, пренесува Хина.

Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграм.

Висок болнички извор од приватна болница изјави дека најмалку осум лица загинале, а 22 се повредени.

Нападот се случил пред Ашура, шиитско одбележување на мачеништвото на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.

Поврзани новости